ШТО МОЖЕ ФИЛИПЧЕ ДА НАУЧИ ОД ЗАЕВ ОСВЕН КАКО ДА УКРАДЕ 8 МИЛИОНИ ЕВРА БЕЗ КАЗНА? Манасиевски потсети на аболицијата од Црвенковски за случајот „Глобал“

Заев беше фатен во криминал од 8 милиони евра, требаше да заврши зад решетки и беше амнестиран од Црвенковски. Дали Филипче е воодушевен и од тоа? И дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев, праша Манасиевски. 

130

Кога Венко Филипче вели дека народот треба да учи од Зоран Заев, дали мисли на криминалот од 8 милиони евра во Глобал, праша денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него. Дали мисли и на тоа како да се направи криминал од 8 милиони евра и да не се одговара? Заев беше фатен во криминал од 8 милиони евра, требаше да заврши зад решетки и беше амнестиран од Црвенковски. Дали Филипче е воодушевен и од тоа? И дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или пак тоа може ќе го осуди? – праша Манасиевски.






Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра, а благодарение на СДСМ остана неказнет, додаде Манасиевски.

– Добро е што Венко Филипче призна и кажа сè. Народот сега нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да биде криминалец како Заев – рече Манасиевски.

Поврзани содржини