Што можат да ви кажат тестовите за антитела, а што не?

Постојат два основни типа: тестови кои мерат дали антителата се присутни воопшто во организмот и други кои испитуваат до кој степен тие антитела се ефикасни против вирусот.

1,317

Многу работи сè уште не се познати за коронавирусот, вклучувајќи го и прашањето за времетраењето на имунитетот по надминување на инфекцијата. Прашањето збунува многумина, од научници до обични луѓе кои би сакале да знаат до кој степен се заштитени по првата доза на вакцината.

На некои прашања може да се одговори со тестирање на антитела, но тие не даваат целосен одговор кога станува збор за нивото на имунитет.






Кои видови тестови за антитела ни се достапни?

Постојат два основни типа: тестови кои мерат дали антителата се присутни воопшто во организмот и други кои испитуваат до кој степен тие антитела се ефикасни против вирусот.

Првите се многу сигурни доколку сакате да утврдите дали сте имале ковид-19. Вториот, познат како тест за неутрализација, се изведува со доведување на крвен серум во контакт со делови од коронавирусот во лабораторијата за да се утврди точноста на антителото.

Иако ниту еден тест не нуди апсолутна сигурност, но безбедно е да се каже дека „позитивниот тест за неутрализација речиси секогаш значи дека сте заштитени“, рече германскиот медицински биохемичар Томас Лоренц.

Имунологот Карстен Вацл исто така истакнува дека тестовите за неутрализација се поточни, но додава дека истражувањето покажало корелација помеѓу количината на антитела и количината на неутрализирачки антитела.

– Со други зборови, ако имате многу антитела во крвта, тешко дека сите тие антитела се насочени кон погрешен дел од вирусот – рече Вацл.

Ова значи дека дури и едноставен тест за антитела укажува на одреден степен на заштита, но не може точно да ви каже колку.

– Всушност, никој не може да ви каже до кој степен сте навистина имуни. Дури и со голема количина антитела, постои одредено ниво на несигурност – вели Вацл.

Колку чинат тестовите?

Иако цената варира од земја до земја, во поголемиот дел од Европа цената е околу дваесетина евра. Тестовите за неутрализација се поскапи и чинат помеѓу 50 и 90 евра, рече Лоренц.

Домашните тестови се исто така достапни во некои земји, но Лоренц советува да се воздржувате од овие тестови направени сами.

Кои видови антитела постојат?

Постојат три особено интересни видови. „Силите што дејствуваат брзо“ против вирусот се „IgA“ и „IgM“ антитела. Тие брзо се формираат, но нивното ниво по завршувањето на инфекцијата се намалува побрзо од третиот тип на антитела. Тоа се „IgG“ антитела, или „мемориски клетки“, кои можат да останат во телото долго време и да „запомнат“ дека Сарс-КоВ-2 е непријател.

– Оние што ги имаат овие мемориски клетки можат брзо да создадат нови антитела кога е потребно – објаснува Вацл.

Кога има логика да се тестираат антитела?

Телото почнува да произведува „IgG“ антитела само неколку дена по почетокот на инфекцијата и затоа треба да се тестира за овој тип на антитела, што е норма, треба да се чека најмалку две недели по инфекцијата.

Од друга страна, тестовите за „IgM“ антитела веќе неколку недели по инфекцијата може да бидат негативни затоа што тој тип на антитела исчезнува брзо.

Серолошките тестови докажуваат присуство на „IgM“ и „IgG“ антитела во крвта, кои се формираат како имунолошки одговор на организмот по контакт со вирусот САРС-CoV-2.

Според моментално познатите податоци, „IgM“ антителата во крвта може да се откријат најрано на крајот на првата недела по појавата на симптомите, додека „IgG“ антителата најчесто се појавуваат кратко време по „IgM“ антителата, во текот на втората недела.

– Не се покажа дека тестовите за „IgA“ и „IgM“ антитела се особено продуктивни во оваа пандемија – вели Лоренц.

Што значи ако тестот за антитела е негативен?

Не мора да значи дека не сте заштитени од вируси. А, оние со негативен тест можат да имаат одредено ниво на заштита благодарение на Т-клетките (Т-лимфоцити), друг метод за борба на организмот против вирусот.

Т-клетките не „скокаат“ врз вирусите пред да се „закачат“ на нашите клетки, но тоа го прават подоцна, односно ги напаѓаат клетките во кои се населува вирусот. Ова ги прави важна компонента на нашиот имунолошки систем.

Многумина кои имале релативно лесна инфекција со коронавирусот, брзо губат антитела, но тоа не значи дека нивото на Т-клетки се намалува исто толку брзо, велат епидемиолозите.

Тие истакнуваат дека во некои лаборатории е можно да се изврши тестирање за нивото на Т-клетките.

Дали позитивниот тест за антитела ви дава поголема слобода на движење?

Не. Многу земји ги даваат истите права на целосно вакцинираните лица и оние кои преживеале ковид-19 во последните шест месеци. Но, за вторите, доказите се тест за PCR, а не тест за антитела.

Дали има смисла воопшто да се направи тест за антитела?

– Тоа е за луѓе со оштетен имунолошки систем или пациенти кои земаат имуносупресивни лекови. По втората доза на вакцината, тие можат да го проверат нивото на антитела во организмот вели Вацл.

Тој додава дека за сите други, вакцинирани или закрепнати, значењето на тестот е ограничено.

Лоренц вели дека секој што сака да ја процени неговата имунолошка заштита од коронавирусот, треба да избере тест за неутрализација.

Поврзани содржини