Што ги чека Албанците?

Тие знаат дека никогаш нема да им се оствари сонот за Голема Албанија! Тие тоа и не го сакаат. Сакаат посебни оградени средновековни пашалаци во сите држави каде што живеат и газдински да ти се с’скаат зад тебе, сѐ додека не им се завртиш и со погледот ги натераш да ја свијат опашката. Мнооогу им се издолжи!

55,410

О, ооо! Куку нонееее! – викам на цел глас, читајќи текстови и изјави на накострешени Албанци, со констатации, предлози, барања… – Викам од мака, надојдена и насобрана од сѐ ова што се случува кај и околу нас, од злото кое ни нагрнува… и од дома и од надвор. Мисли вака, мисли така… фајде никакво! Само некоја злоба пролазена од околината се вмуши во мене, која, откако ми ја потисна душевноста, со некоја чудна осветољубивост ме тера со мое „видение“ да ги дополнам гатачите – аналитичари, кои си го заработуваат лебот со метење туѓи дворови, а потоа јадејќи го собраното, како десерт.

Смачено ми е од попустото напаѓање на Македонците – мутави апашишта од власта, на кои, откако ги презрев, почнав да им се восхитувам што така левтерно распашани умеат да уживаат дремејќи под стегнатиот јарем на албанската, бугарската, европската, американската… приспивна. Оставајќи други да се бават со нив, кои во моментов е неопходно да се стручно повикани, само ќе ги потсетам на Шантиќевата промисла: „Волови јарам трпе, а не људи, бог је слободу дао за човјека“.






Да се вратам на темата – Што ги чека Албанците?

Богами… – гледајќи во картите кои распослани на балканската политичка софра само се редат и прераспоредуваат во зависност од менувањето на светлината која ги „отвара“ за читање, а таа нестабилната, само се менува од час во час зависно од групирањето на светлосните тела… како што стојат работите, во иднина, никој не ќе може да ја тргне таблата од пред сопствената врата, на која, кога и да погледнеш стои натписот: „…ЌЕ ПОМИНЕ…“.

Тоа што застрашувачки се заканува со закажаното, а не докажаното писание на закованата табла, е веселата разврска која секого од нас нѐ очекува и нѐ распоредува таму каде што не сме се надевале дека ќе бидеме пречекани од одбор дружина.

Елем, факт е дека Албанците поени со медовина од сопствените улишта, не ја чувствуваат македонската држава како своја и би биле среќни да се растури, придонесувајќи за тоа.

Македонците токму и со тој придонес и водство на домашните собраќа Албанци по ќор пат врвиме ослепени како Самоиловата војска, и стигнавме до големата порта на царската тврдина во Охрид, за да се поклониме пред туѓинскиот белег кој ја (нѐ) закити како сторение.

Ликуваат Албанците чекајќи да нѐ видат како со отворени очи умираме пред туѓата наезда, на која ѝ се приклонија надевајќи се дека заедно со Бугарите ќе нѐ совладаат и братски ќе завладеат на овие – од искона македонски предели, како некогаш… Мислам, кога со различни фашистички униформи ја газеа поделената Македонија и вршеа злодела, секој за себе, врз недолжниот македонски народ. Од тогаш се зачуваните џандармериски станици кај Групчин, некогашната бугарско – албанска граница, како закана и обновена надеж за нова фашистичка поделба… без да размислуваат дека, како што велат тетовци: „Два пута само у ваљајца…!“.

Оттука, многубројната свита на македонскиот шпионски идеолог Османи, императорот Артемие кој без ограничување владее со Македонија (го сместивме во палата со илјадна гарда, за да урлаат против Македонците… – Е, ееее!… глуперди Македонци!) и многу други „во готовс“ Албанци, даваат поддршка за спомениците на бугарскиот фашизам кои како глисти од ровка земја подаваат глава. Така си ги штитат своите обележја од времето на нивната фашистичка окупацијата и газдинствата на Џемо, Мефаил… и злоделата сторени во поновото време од УЧК, чии намножени високометарски споменици со развиорени орли се вишат по тетовските крајпатни села… па натаму, па наваму – Слупчане, Скопје… Никој не крена глас против нив. Сега, сиротите Бугари ќе пропатат ако не се откажеме самите ние од намерата да им наштетиме, велејќи: Нека ги! Кај ОНИЕ, нека личеат и ТИЕ, кога бевме себаплии и ги избрусивме, забранивме… нашите национални симболи, споменици… Што ќе ни се?

Затоа не нѐ чуди веќе ни отворената закана на албанската гласноговорна гатачка елита, од типот: Промена на Уставот…; Распад на Македонија; Албански заедници како српските во Косово; Федерализирана Македонија; Посебна Академија на науки; Западниот дел да се одвои од Македонија и …; Историјата на Македонците почнува од времето на фудбалерот Дарко… Сето тоа е пропратено со отворени барања за УШТЕ права, како и официјализирање на двогаздинството во државата какво што сега го имаме, повикувајќи се на Рамковниот, со кој алчно ги шират своите етнички апетити до целосно потиснување и игнорирање на Македонците и македонскиот јазик од сопствената држава.

Таквото недолично, провокативно однесување на Албанците, е одраз на досегашната толерантност за мир во куќа, личниот лапачки интерес на сите Македонци кои биле и се на власт, и поддршката од за себе заинтересираната американска и европска курвинска политика. На тоа се додава како зачин простачкиот менталитет и расипаниот албански генетски код, како што тие тврдат за нас Македонците во колумните каде се прашуваат дали воопшто вреди сѐ уште да бидат со нас, недостојните за нив… ???

Како и да е, се откри чергата која со децении ги препокриваше фрустрациите помеѓу Албанците и Македонците, и се покажа меѓусебната нетрпеливост и паралелните патишта по кои отсекогаш сме врвеле, преградени, слободно речено со – меѓусебна омраза.

Само се постави прашањето за сузбивање на албанската политичко – криминална наезда, како од плима разлеана после Рамковниот, Преспанскот, Тиранската платформа и Добрососедскиот договор, за да здружени со Бугарите и денес каскаат во заеднички поддржуваната фашистичка пропаганда против Македонија. Иако се помалку од Македонците, се покажаа поспособни експерти за апашлук, па во годиниве на владеење на ДУИ, на крупно ја опљачкаа и сестрано, намерно ја руинираа структурата на државата, преку институциите кои ги раководат од рамниште на банда со светско реноме.

Среќна околност е што самото време и дереџе нѐ окуражи Македонците отворено да се спротивставиме на апашлукот… и провокациите. Еве зошто:

– Тие знаат дека никогаш нема да им се оствари сонот за Голема Албанија! Тие тоа и не го сакаат. Сакаат посебни оградени средновековни пашалаци во сите држави каде што живеат и газдински да ти се с’скаат зад тебе, сѐ додека не им се завртиш и со погледот ги натераш да ја свијат опашката. Мнооогу им се издолжи!

Второ: – Ако, хипотетички, бугарска чизма стапне во Македонија, лесно ќе е за Македонецот, како „един народ“, но Албанецот ќе исчезне истребен од Бугарите. – Ќе го снема од Скопје и околината, под Шар Планина (која ја испоганивте…), Охрид, Струга… пред и после Ќафасан кој ќе биде еден од коридорите…, бидејќи Санстефанија е од Черно море, Дунав… лево – десно, надолу и во Албанија каде имаат признато бугарско малцинство кое ќе сакаат да си го заштитат…

Трето: – Е,еее! Се менуваат работите од час во час зависно од прегрупацијата на небесните тела и создавањето нови соѕвездија на местото на тие што згаснуваат… Долга ќе е приказната ако поради присутниот вриеж… се „одлепат“ и Србите и Црногорците, секој по и за своето… па ако се здружат со Македонците…, а? Ако потиснат, ами, и Грците, пред кои таму молчите како цицалчиња? Што мислите? – Америка, Германија, НАТО, кои спаднаа на опашкари… и не знам ти кој и од каде, ќе дојдат да ве спасуваат… и да ве даруваат со Shqiperia e madhe, а? А вие со занес и клањање ќе ги дочекате пеејќи им ја песната: – „…погледни ме ко НЕКОГАШ…“, дур од некаде… поради смената на месечевата мена, нова светлина расталасана по својот пат, од скраја ќе се придружи, заинтересирана за себе… и се разбира – ќе се распостели…

Значи – војна! Извртени се главите на сончогледите во правец каде сонцето сезонски го менува својот поглед кон земјата. Јас не ја заговарам, но нели сум гатачка, па како многуте гатачи кои ве слушам, читам и гледам што ѝ мислите на Македонија и Македонците… го користам „дарението“, да предупредам дека Балканот и пошироко ќе се дави во крв до колена… Велите – АКО? – Ако е за вас… ќе биде и за нас.

Важно, младата генерација Македонци не го трпат потиснувањето, обезличувањето… – Како што е сега, не да биде во иднина!!! Не ќе можете со вознес да кревате џева, посакувајќи и надевајќи се да му пцовиса кучето на комшијата. Нема како до сега – албанска криминална тиранија здружена со македонски предавници Зајковци, да ја пљачкаат и разнебитуваат државата и народот. И вие ќе одговарате, разбојници!

Македонија, со промена на власта ќе се врати кон АСНОМ–ските корени и тенденцијата да стане граѓанска држава.

А, дотогаш, не ја тргајте таблата окачена на вашата врата со загонетниот натпис – „Ќе помине…“.

Поврзани содржини