Што е Зоки, се исуши рачето на срцето?
За оваа багра животот секогаш иде понатаму. Јер живот за сите беше мотото, макар и во смрт предизвикана од неодговорност и од неспособност.
Прогласија тродневна жалост, исцмиздрија никој да не политизирал и еве ги три дена како си тераат предизборни кампањи на социјалните мрежи, кампањи за спас од оставки, промо на кандидати, си честитаат партиски родендени, постираат павер елементи и ивичњаци.
И така, за оваа багра животот секогаш иде понатаму. Јер живот за сите беше мотото, макар и во смрт предизвикана од неодговорност и од неспособност.
Битно лидерот се крие во глувчешка дупка и комуницира од бункер.
Па за социјални мрежи го имаме Грујо бе Зоки, не ни требаш ти. Што е, се исуши рачето на срцето?!
Тоа е, чекаат да заборавиме…
(ФБ статус на авторот)