ШТО Е СТОКХОЛМСКИ СИНДРОМ Дали може да се развие на ниво на колектив?

Тешко сфатлива појава на зближување и развивање на одредени чувства, дури и спесифичен вид на љубов која се појавува помеѓу жртвата и агресорот.

811

Стокхолмски синдром претставува сериозно психо-социјално пореметување. Кога настанал и што претставува?

Стокхолмскиот синдром е тешко сфатлива појава на зближување и развивање на одредени чувства, дури и спесифичен вид на љубов која се појавува помеѓу жртвата и агресорот. Терминот за оваа состојба го промовираше Нилс Бејерот, шведски психијатар и криминолог, во 1973 година, по неуспешен обид за кражба на банка, во истоименуваниот град, Стокхолм.






Инспирацијата за да продолжи понатаму со истражувања беа одредени случаи на емоционална поврзаност на заложниците кон сопствените киднапери, кое се прикажуваше преку оправдување на нивни одредени постапки, одбивање на соработка и сведочења против нив, откако нивното заробеништво завршило.

„Љубовта“ на жртвата кон злосторникот

Ова навидум психички необјасниво пореметување, психијатрите и криминолозите го објаснуваат со вродената потреба во одредени мигови да се развие спесифичен механизам за преживување во одредени услови каде човекот се наоѓа во загрозена ситуација.

Покрај заложничките ситуации, овој синдром се јавува и во случаи каде постои семејно насилство, инцест, воени злосторства, концентрациони логори или секти. Во сите овие ситуации се јавува спесифичен парадокс.

Чувството на беспомошност и потребата да се ублажи сопствената психолошка позиција, се нагласуваат позитивните страни на угнетувачот, а жртвата создава неприроден однос и поинаква конекција со злосторникот, а доаѓајќи во судир со оние кои пружаат помош.

Исто така, забележано е дека колку подолго време е поминато во заробеништво, толку поголема е „љубовта“ на жртвата према злосторникот.

Можат ли нациите да се заљубат во своите тирани?

Стокхолмскиот синдром е познато дека се јавува кај поединци, но дали може да се развие и кај поголем број на луѓе кога би се нашле во одредени спесифични услови?

Дали постои опасност нациите или пак одреден процент од нив, да се заљубат во сопствените тирани, долгите периоди на обесправување, понижување, сиромаштија, па дури и отворена агресија, водат до неприродна врска?

Дали постои страв дека, на пример, најсиромашните и најобесправените делови од населението најсилно ќе ги поддржат оние кои се богатат на нивната несреќа? Дали психофизички малтретираните работници треба да му дадат најсилна поддршка на безмилосното раководство на фабриката?

Или дека нацијата над која била извршена агресијата, на денот на одбележувањето на сопственото страдање, подготвила свечен пречек за агресорот? Со други зборови, дали долгиот период на секакво понижување раѓа синдром сличен на оној што го наоѓаме кај заложниците или жртвите на семејно насилство?

Иако постојат и други тврдења, се чини дека Стокхолмскиот синдром во колективот е помалку веројатен. За разлика од загрозената индивидуа која во одредениот миг е оставена сама на себе, групата очекува дека покрај оние кои можеби подлегнале на искривеното чувство предизвикано од страв и закана, сепак постои доволен број на луѓе кои го зачувале разумот и би спречиле понатамошно измачување.

Порано или подоцна, ќе се појави бар еден свесен кој ќе им ги објасни причините за сиромаштијата, безмилосното раководство на фабриката, на крајот ќе се појави некој доволно храбар и горд кој ќе го спречи понижувачкото славење на агресорот.

Психолошкото пореметување се јавува кај поединецот како одговор на биолошката хомогеност, а во овој случај поради хетерогеноста на групата, затоа е помалку веројатно дека овој синдром може да се појави во колектив.

Превенцијата е многу важна

Меѓутоа и овде треба да се внимава, бидејќи до киднапирањето кое се случило во 1973 година, изгледало незамисливо дека постои жртва која би се заљубила во својот негативец.

Поради тоа може да се претпостави дека некогаш во одредени околности, може да се појави колективност која, спротивно на природата, групната етика и култура, ќе ги развие опишаните симптоми. Ситуациите на посериозен дефицит на свесни, храбри, разумни и горди членови на групата може да бидат погодни за такво сценарио.

Но, без разлика дали овие теории се остварливи или не, едно е сигурно. И на ниво на индивидуа, а уште повеќе на ниво на колективност, кога и кога би се појавил опишаниот феномен, Стокхолмскиот синдром претставува сериозно психо-социјално нарушување.

Според сите претходни истражувања, откако ќе се воспостави ваквата релација, тешко е да исчезне, бара долг период на работа со жртвата и големо трпение.

Затоа, како и во другите области на медицината, треба да се посвети посебно внимание на превенција. И во овој случај, тоа ќе се случи со препознавање на симптомите и елиминација на состојбите кои го фаворизираат развојот на подоцнежната, тешко елиминирана состојба на хронична фасцинација со агресорот.

Поврзани содржини