ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ КОГА ЌЕ СЕ ИСКОПААТ СИТЕ МОЖНИ БИТКОИНИ? Експертите имаат неколку можни сценарија

Биткоинот, како и златото, има граница до која може да се копа, а онаа што ја поставил Сатоши Накамото е 21 милион. Потоа, мрежата ќе биде затворена економија, во која ќе се заработува од провизии, а можно е и да се јават картели кои вештачки ќе ја играат цената, слично како што е тоа со нафтата. Сепак, поверојатно е дека некој дотогаш ќе го смени кодот за да може да се ископаат повеќе биткоини, што и не е најдобро решение, ако земеме предвид дека доларот беше кутнат токму од неконтролираното „штампање“.

2,899

Сите расположливи биткоини ќе бидат ископани од лицето на земјата, бидејќи неговиот творец Сатоши Накамото поставил граница колку тие можат да се произведуваат. Што ќе значи ова за мрежата? Една од опциите е понатаму наместо од рударење да се заработува од провизии на трансакции, а црното сценарио е дека големите крипто-трговци ќе направат свои картели за да ја креваат и спуштаат цената, слично како што тоа сега се прави со нафтата. Но, можеме ли ја достигнеме границата од 21 милион блокови?

Зошто Накамото го направил ова? Другите форми на пари, на пример, па и фиат валутите, можат да се печатат по желба од централните банки, речиси неограничено. Кога една валута е ограничена тоа значи дека не може да доживее инфлација и пад на вредноста. Слично како што е ограничена количината на злато што може да се пронајде на планетата. Златото на тој начин ја одржува својата вредност, пишува Инвестопедиа.






Колку се копа дневно? Во просек, се откопуваат еден блок на секои 10 минути. Покрај тоа, бројот на биткоини што се ослободуваат во секој од овие блокови се преполовува на секои четири години, како едно од правилата на блокчејн-протоколот. До август 2021 година, беа достапни 18,7 милиони биткоини, оставајќи уште 2,3 милиони да се минираат. Што после тоа?

Дури и да се достигне лимитот, ќе расте тргувањето и вредноста

Кога биткоинот ќе биде до крај ископан, неговата економија ќе се промени. Сè до крајот, рударите и трговците, двата типа на луѓе кои се во игра, ќе ги менуваат тактиките. Рударите сè помалку ќе се потпираат на награди од копањето блокови, а повеќе на пари од трансакции. Ќе исчезнат трговците на мало, а ќе дојдат оние што работат на големо.

Блок-наградите ќе исчезнат, а рударите ќе зависат од надоместоците од трансакциите што се случуваат на мрежата на криптовалутата за приходи. Тоа значи дека мрежата на биткоин може да еволуира од сегашната недовршена состојба да стане мост за монетарни трансакции и тргување. За волја на вистината, неодамна биткоинот влезе на официјалната берза на Волстрит.

Со ова темпо биткоинот ќе биде целосно откопан во 2140 година

Да потсетиме, биткоинот е „миниран“ од рудари кои решаваат криптографски загатки за да ги потврдат трансакциите што се случуваат во неговата мрежа. Наградите за блокови, кои се состојат од одреден број на биткоини, се дистрибуираат до рударите кои успешно го потврдуваат блокот на трансакцијата. Наградите се преполовуваат на секои четири години.

Стапката на производство на биткоин се намалува за половина на секои четири години. Кога беше лансирана криптовалутата, наградата за потврда на блок трансакции беше 50 биткоини. Во 2012 година, тој беше преполовен на 25 биткоини, а падна на 12,5 во 2016 година. Во мај 2020 година, рударите требаше да заработат 6,25 биткоини за секој нов блок. Блок наградите за рударите ќе продолжат да се преполовуваат на секои четири години додека не се ископува конечниот биткоин. Тековните процени за ископување на конечниот биткоин го ставаат тој датум некаде во февруари 2140 година.

фото: pixabay.com

Наградите се преполовуваат и никогаш нема да го ископаме биткоинот до крај

Како што проаѓа време, наградите што ги добиваат рударите за рашавањето на загатките, кои ги решаваат нивните процесори, постепено се намалуваат за да се контролира колку токени има во оптек. Некои сметаат дека ова е направено за никогаш и да не се достигне границата од 21 милион. Според Андреас М. Антонопулос, автор на книга за биткоин, бројката од 21 милион е „асимптотична граница“ на бројот на биткоини што постои.

Со други зборови, иако можеме да достигне многу блиску до бројката, заради преполувањето на наградите, криптовалутата никогаш нема да ја достигне таа граница. Ќе копаме сè помали делови, центи од биткоинот и тоа може да трае вечно.

Нема да биде 21 милион, туку 20.999.999 биткоини

Има и една друга причина за овој феномен. Наградите и понудата на биткоин не се изразуваат со точни термини туку се заокружени со децимали до најблискиот и најмал цел број. На пример, вкупната понуда од 6,2589 биткоини ќе биде заокружена до најблискиот најмал цел број, во овој случај 6.

Иако ги олеснува пресметките, практиката води до загуби во т.н. сатоши, составните единици на биткоин, за време на секоја потврда на блокот. Еден биткоин е еднаков на 100 милиони сатоши. Според некои, конечниот ископан биткоин блок ќе биде нумериран на 6.929.999, а вкупната понуда во тоа време ќе биде 20.999.999,9769 сатоши. Оваа бројка операторот на биткоин ќе ја заокружи на 20.999.999, што е блиску, но не исто со 21 милион биткоини.

Нема веќе да се копа, туку ќе се заработува од провизии за трансакциите

Последица од тоа што биткоин нема го достигне планираното ограничување е тоа што ја остава отворена можноста мрежата на криптовалутата да остане функционална долго време по 2140 година. Нема да се издаваат биткоини, туку блоковите на трансакциите ќе бидат потврдени, а таксите ќе станат примарен извор на приходите. На крајот на краиштата, мрежата на биткоин може да функционира како затворена економија, во која таксите за трансакции се проценуваат слично како даноците.

Дали наградите можат да бидат во сатоши наместо вистински биткоин? Таквата практика е малку веројатна и ќе бара промена во протоколот на криптовалутата за да стапи на сила.

Значи, сепак е тешко да се предвиди што ќе се случи. Ова е делумно затоа што екосистемот на биткоин е сè уште неразвиен. Криптовалутата првично беше концептуализирана како средство за размена, но наместо тоа, најде поголема популарност како складиште на вредност – инвестициско средство. Можно е екосистемот и работата на биткоин да претрпат трансформација, слична на онаа што се случи во неговиот идентитет, од сега до 2140 година.

Кодот на биткоин може да се менува за валутата да опстои

Иако некогаш може да има максимум 21 милион биткоини, бидејќи луѓето ги изгубиле своите приватни клучеви или умреле без да ги остават инструкциите за приватниот клуч на никого, вистинската количина на достапни биткоини во оптек всушност може да биде милиони помалку.

На пример, може да има промена на протоколот во блокчејнот за да се овозможат повеќе од 21 милиони биткоини во постоење. Запомнете, биткоинот е криптовалута со отворен програмерски код и може да се менува за да се создадат нова криптовалута или промени во истата. Некои од првите промени беа воведувањето на биткоин кеш (BCHUSD), лајткоин (LTCUSD) и dogecoin (DOGEUSD), кои направија мали модификации на изворниот код на Биткоин и создадоа нови монети кои собраа милијарди долари во пазарни вреднувања.

Колкави ќе бидат провизиите за трансакции кога не ќе може да се копа?

Ископан е биткоинот, наградите секнуваат. Останува да се воведат провизии на трансакциите за да може да се заработува. Колкави ќе бидат тие? Износот и механизмот за овие надоместоци зависи од состојбата на мрежата на Биткоин во тој момент – т.е. дали се користи како средство за размена или како складиште на вредност. Ако е за размена, можат да се воведат разумни такси за да се овозможи секојдневното тргување, додека ако е само за складирање, тогаш на биткоин ќе останат рудари кои вршат помалку и поскапи трансакции.

Најверојатно е дека рударите ќе направат картели, исто како што е со нафтата

Трета можност е рударите да формираат картели меѓу себе. Тие би можеле да ја контролираат понудата за да постават високи провизии за трансакции или износ на надомест кој им гарантира минимален профит. Себичното рударство е уште една, четврта, можност. Во оваа форма на рударство, рударите се договараат меѓу себе за да скријат нови блокови и да ги ослободат блоковите кои не се потврдени од мрежата на биткоин. Оваа практика ќе го одложи производството на последниот блок во мрежата на биткоин и ќе обезбеди високи награди за новите блокови кога тие конечно ќе бидат пуштени во мрежата.

Формирањето на картел на рударите на биткоин не е далекусежен заклучок. Вакви групирања веќе постојат кај други стоки чија понуда е ограничена или контролирана. На пример, цените на нафтата во голема мера се под влијание на производството на ОПЕК. Цените во индустријата за дијаманти, исто така, наводно ги одредува картел предводен од рударскиот гигант „DeBeers“.

Поврзани содржини