ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ЃОКОВИЌ ДА ВЛЕЗЕ ВО АВСТРАЛИЈА? Сите мислат дека вакцината е задолжителна, но за Србинот постои друг начин
Теоретски, Новак би можел да оди во Сиднеј невакциниран, бидејќи во градот во кој се игра АТП купот не важат истата правила како и во Мелбурн.
Многу шпекулации се појавија претходниве месеци за тоа дали најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот во Австралија, со оглед на тоа што во оваа земја вакцината е задолжителна.
Но, сега пристигна и потврда – Ѓоковиќ пристигнува во Австралија и ќе игра на АТП купот, а многумина веруваат дека тоа значи и дека ќе ја брани титулата на Австралија опен. Сепак, медиумите во таа земја и понатаму се прашуваат дали Ѓоковиќ е вакциниран против коронавирусот.
Австралиските медиуми претходниве месеци објавија низа деградирачки текстови за најдобриот тенисер на светот, а овојпат „Хералд Сан“ се прашува на кој начин Ѓоковиќ ќе влезе во Австралија.
Теоретски, Новак би можел да оди во Сиднеј невакциниран, бидејќи во градот во кој се игра АТП купот не важат истата правила како и во Мелбурн.
Медиумот објави дека Ѓоковиќ, доколку не е вакциниран, може да влезе во сојузната држава Нов Јужен Велс, во која се наоѓа Сиднеј, со помош на посебен документ, а притоа да помине 14 дена во карантин. Сепак, ова сценарио се чини малку веројатно. Српскиот тенисер повеќе пати говореше дека поминувањето 14 дена во карантин за него било психички напорно.
Исто така, важен момент е тоа што истата опција би можела да ја прифати и државата Викторија, а таму се наоѓа и Мелбурн, градот организатор на Австралија опен. Сепак, засега државата ја одбива спомнатата опција, а тоа значи дека сите учесници на турнирот мора да бидат вакцинирани.
Официјална потврда за статусот на Ѓоковиќ во поглед на вакцината сè уште нема, но бројни светски медиуми објавија дека најдобриот тенисер на светот веќе е вакциниран.