Што да направите ако сте болен од корона и ако ве одбијат во болница

Само позитивно, луѓенца, бидејќи светот е сонциња, виножито и куќи од чоколадо.

5,542

Стигнавме од точката за која со месеци се апелираше од СЗО, од Министерство за здравство, од доктори, дека ќе дојде – да се исполнат болничките капацитети со болни од корона.

Колку е опасен или не вирусот нека ви каже тоа што скоро секоја инфективна клиника е полна со луѓе на кои им треба лекарска помош во борбата со истиот. Да се има случено ова со друг вирус засега немам доживеано. Баш ме интересира кое е објаснувањето за полните инфективни од безопасен вирус…






Покрај полните инфективни, се пренаменуваат и други одделенија за примање на пациенти, што логично значи дека за пациенти од други болести ќе нема место, може нема ни да се прегледаат. Нема да страдаат само тие од Корона, туку и срцево болни, луѓе со канцер, леукемија, многумина нема да добијат рана дијагностика што би можело да им спаси живот.

Не можеме сите да се тргнеме од одговорноста за ова. Знаевме што ќе се случи и што ќе се случува. Дека ќе бидат одбивани прегледи, дека нема да има место за лечење… А можеше лесно да го спречиме ова и сите трагедии натаму, со маска, дистанца и со миење раце.

Сепак, ако ве одбијат во болница, има и други лекови.

При полесни заболувања, следете ги препораките на Јадранка Бибан да го исклучите телевизорот, бидејќи така магично исчезнуваат сите проблеми и ќе сте излечени.

За потешки заболувања само извадете некој болен од корона од респиратор, што се преправа и објаснете му како Вело рече дека ништо не му е, да не умира за џабе.

И со среќа, бидејќи друго многу не остана. А да –  и само позитивно, луѓенца, бидејќи светот е сонциња, виножито и куќи од чоколадо.

(ФБ статус на авторот)

 

Поврзани содржини