ШТО АКО ВЛЕЗЕ КОРОНАТА ВО УЧИЛИШТАТА Водечки лекар препорачува и децата да се вакцинираат
Иако клиничката слика кај децата покажува дека има помалку случаи на заболени, отколку кај постарата популација, сепак не може да се смета дека вирусот нема да влезе во училиштата затоа што тоа е еден од начините да преживее.
Дали децата кои не се вакцинирани треба да следат онлајн настава е прашање кое се наметнува, како поминуваат деновите од летниот распуст и се ближи септември.
– Ако не ги одделите заштитените деца од оние што не се, имате еден природен тек и така вирусот ќе остане долго време. Во тој случај, се создава природен имунитет, но тоа е избор. Родителот одлучува да го изложи детето на вирус кога ќе реши да не го вакцинира. Среќна околност е што болеста кај помладата возраст е помалку опасна, но кај малку постарите има и тешки форми – вели главниот епидемиолог во Србија Предраг Кон во изјава за српските медиуми.
Тој објаснува дека, иако клиничката слика кај децата покажува дека има помалку случаи на заболени, отколку кај постарата популација, сепак не може да се смета дека вирусот нема да влезе во училиштата затоа што тоа е еден од начините да преживвее.
Според последните податоци во оваа соседната земја има речиси 1.000 новозаразени лица, а експертите проценуваат дека најголем број од новите случаи се заразени со делта вирусот. Ова се обично помлади и невакцинирани луѓе. Познато е дека оваа мутација е повеќе заразна, така што ова зголемување на бројот на заразени не е изненадувачки.
– Младите луѓе се местото на преживување на вирусот. Така е сега. Кога не се вакцинирани, тие можат да го пренесат вирусот, а луѓето кои се вакцинирани исто така можат да ја пренесат болеста, ако имаат пад на имунитетот. Тоа се случува во Израел и за тоа зборуваме кога ја имаме предвид третата доза – вели д -р Кон.
На новинарско прашање дали ќе има задолжително воведување на вакцинација за здравствените работници водечкиот епидемиолог во Србија одговара:
– Не верувам, но нашите ставови се јасни. Неприфатливо е здравствен работник кој се грижи за некого несвесно да доведе до заразување на пациент. Ако е неуставно да се бара такво нешто, тогаш тоа е сериозна ситуација тоа треба да се преиспита – смета Кон.