Гијом Гомез, готвач во Елисејската палата, даде неколку детали за исхраната на претседателскиот брачен пар Макрон. Исхрана која е полесна во калориите и за буџетот од некои од нивните претходници, јави дописникот на МИА.
– Ја знаеме љубовта на Емануел Макрон за Сините кордони (вообичаено похована шницла од птичје месо со кашкавал), но тие не се дел од режимот што секојдневно го имаат во Елисејската палата – вели тој.
Ако некои претседатели на Републиката, како Жак Ширак, сакале да ги вкусат класиците на француската гастрономија, сегашниот шеф на државата сака да биде поскромен.
– Дури и ако сте овде на место вкоренето во историјата, со позлатени ѕидови, сепак тоа не е замрзнато во минатото. Никој не јаде оброци што ги правевме пред дваесет и пет години. Сега оброците се побрзи, полесни – коментира Гијом Гомез, кој беше прогласен за Најдобар работник на Франција во категоријата готвачи, кога имаше само 25 години.
Оброците се јадат побрзо, а буџетот е намален.
За да се постигне примерност, со храната во Елисејската палата се управува домаќински.
– Служењето се прави во француски стил, гостите сами се служат, ова ни овозможува да ја користиме преостанатата храна еден ден по државничка вечера за оброци за персоналот – вели Гијом Гомез.
Сепак, мал исклучок за претседателската двојка:
– Тие избираат што јадат, со предлог што им го давам. За сите други јас го наметнувам менито водејќи сметка за залихите – вели првиот готвач на Елисејската кујна.