Штипјанец излегол да гласа иако бил во изолација поради ковид-19
Инцидентот се случил на гласачкото место во градот по што бил побаран прекин на гласањето, но набљудувачот на Државната изборна комисија не дозволил.
Граѓанин на Штип кој имал решение за изолација поради ковид-19 се појавило на гласачко место да гласа на вонредните локални избори.
Тој изјавил дека немал симптоми повеќе и со консултација со докторот излегол да гласа, објавија медиуми.
Инцидентот се случил на гласачкото место во градот по што бил побаран прекин на гласањето, но набљудувачот на Државната изборна комисија не дозволил.
Гласањето продолжило по краткиот инцидент за кој што е известена ДИК .