ШТЕТА ШТО УРСУЛА СЕ ЗАГРИЖИЛА Орбан ѝ кажа на Фон дер Лајен дека доцна прогледала што се случува во Европа

„Народите на Европа се сити од ова. Затоа патриотските сили јакнат низ Европа. Затоа француската влада постојано пропаѓа, затоа Навроцки победи во Полска и затоа Андреј Бабиш ќе победи во Чешка“, напиша Орбан на Фејсбук, додавајќи дека е „штета што Урсула фон дер Лајен мора да страда“.

1,092

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е штета што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен морала да се грижи и да се мачи за време на своето годишно обраќање за состојбата на Унијата, бидејќи листата на мани на ЕУ е добро позната.

„Урсула фон дер Лајен денеска ја проценува состојбата на Унијата. Штета е што мора да се грижи“, напиша Орбан на социјалните мрежи, пренесува Маѓар Немзет.






Тој додаде дека списокот на мани им е позната на сите – забавена економија, влошена конкурентност, миграциска криза и насилство, губитничка војна, бесмислена зелена политика.

„Народите на Европа се сити од ова. Затоа патриотските сили јакнат низ Европа. Затоа француската влада постојано пропаѓа, затоа Навроцки победи во Полска и затоа Андреј Бабиш ќе победи во Чешка“, напиша Орбан на Фејсбук, додавајќи дека е „штета што Урсула фон дер Лајен мора да страда“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент го одржа годишниот говор „Состојбата на Унијата“, нејзин прв во вториот мандат, нагласувајќи дека само обединета Европа може да биде независна, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедност за сите, како и дека иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ.

Поврзани содржини