ШТEТА ОД ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА Пожар пеплоса штандови за книги во Тетово

Штандовите беа под кирија земени, нив ќе треба ги платиме, штетата ќе биде над 20 илјади евра - изјава Мухамед од Нобел книжарница.

1,428

Пожар избувна на штандовите за продажба на книги пред тетовскиот Центар за култура околу 17 часот. Граѓани, вработени во околните кафулиња и други дуќани први се обидоа да го изгаснат огнот употребувајќи кофи со вода и ПП апарати.

– Не знам што се случило, ми се јавија само дека има пожар. Штетата е над 10 илјади евра. Изгореа неколку штандови, неколку кутии со книги успеавме да спасиме. Штандовите беа под кирија земени, нив ќе треба ги платиме, штетата ќе биде над 20 илјади евра – изјава Мухамед од Нобел книжарница.






По пријавата интервенираше и тетовската пожарна од каде со едно возило и четири пожаникари го изгаснале огнот.

Поврзани содржини