ШПИОНСКА КОМПАНИЈА ОД ГРЦИЈА ИМАЛА СОРАБОТНИК ВО МАКЕДОНИЈА Цел биле американски новинари и владини претставници

САД изрече санкции за конзорциумот на компанијата за шпионски софтвер Интелект, а казнети се и други поврзани субјекти меѓу кои и Цитрок АД со седиште во Македонија за вмешаност во развојот и дистрибуцијата на пакетот алатки познат како Предатор.

2,626

Американското Министерство за финансии денеска објави дека санкционирало две лица и комерцијална компанија за шпионски софтвер со седиште во Грција, предводена од поранешен израелски воен офицер, која развивала, управувала и дистрибуирала технологија што се користи за таргетирање на американски владини претставници, новинари и експерти за политика.

Санкциите се насочени кон конзорциумот Интелек, за кој САД велат дека продавал и дистрибуирал комерцијален шпионски софтвер и алатки за надзор за насочени и масовни кампањи за надзор.






Други субјекти поврзани со Интелек – вклучително и Цитрок АД со седиште во Северна Македонија, Цитрок Холдинг ЗРТ со седиште во Унгарија и Талестрис Лимитид со седиште во Ирска – беа казнети за нивната вмешаност во развојот и дистрибуцијата на пакетот алатки познат како Предатор.

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Северна Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“.

Покрај  „Сајтрокс“, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесува Радио Слободна Европа.

Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.

– Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда – изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

Претставници на администрацијата на Бајден изјавија дека ова е првпат Министерството за финансии да санкционира луѓе или субјекти за злоупотреба на шпионски софтвер.

Предатор му овозможува на корисникот да се инфилтрира во електронски уреди преку напади без кликнување кои не бараат интеракција на корисникот за шпионскиот софтвер да го зарази уредот. Шпионскиот софтвер, кој се користи во десетици земји, овозможи неовластено преземање податоци, следење на геолокацијата и пристап до лични податоци на компромитирани уреди.

– Денешните дејства претставуваат опиплив чекор напред во обесхрабрувањето на злоупотребата на алатките за комерцијален надзор, кои сè повеќе претставуваат безбедносен ризик за Соединетите Американски Држави и за нашите граѓани – изјави Брајан Нелсон, потсекретар за тероризам и финансиско разузнавање во американското Министерството за финансии.

Поврзани содржини