Шпанија втор ден нема починати од коронавирус

284

Втор ден по ред нема смртни случаи од коронавирусот во Шпанија, објави денеска Министерство за здравство во Мадрид.

Вкупниот број на починати не е променет од неделата и изнесува 27.127, соопшти Министерството.






Со 27.127 жртви од Ковид-19, Шпанија се наоѓа на шестото место во светот по бројот на починати.

Бројот на новозаразени со коронавирусот корона се зголеми за 137 во однос на вчерашниот ден.

Вкупниот број на заразени изнесува 286.718, со што Шпанија е на четврто место во светот по бројот на заразени со коронавирусот.

Поврзани содржини