Шокантните информации се точни: Ирина Шајк и Канје Вест уловени на романтично патување во Франција ФОТО

2,412

Додека сестрите Кардашијан, меѓу кои, и сега веќе поранешна сопруга на раперот, му го честитаат роденденот на Канје Вест, тој ужива во романтичното патување со руската убавица Ирина Шајк во Франција.

Ексклузивните фотографии што ги објави „Дејли мејл“ ги потврдуваат шпекулациите, и  покажуваат како новопечената двојка ужива во прошетка низ идиличната Прованса, а славниот рапер не може да ја симне насмевка од лицето додека се шета покрај рускиот супермодел.






Двојката престојува во луксузниот бутик хотел „Вила Ла Кост“, каде ноќевање чини од 1.200 до 1.500 евра, а тие пристигнале во Франција по повод неговиот 44-ти роденден. Дека нешто се случува помеѓу раперот и манекенката почна да се шпекулира минатиот месец, кога се појавија првите информации за нивната врска, но дури сега сè е потврдено со фотографии.

По шест години брак со ријалити sвездата Ким Кардашијан, со која има четири деца, раперот и дизајнер Канје Вест е повторно е вљубен.

Сепак, само еден ден пред веста за новата љубов, Ким сподели семејна слика, со која срдечно му го честиташе роденденот на раперот.

„Среќен роденден, те сакам засекогаш“, напиша вчера старлетата.

Поврзани содржини