ШОКАНТЕН ПРЕСВРТ НА СУДЕЊЕТО ЗА СМРТТА НА МЕТЈУ ПЕРИ Докторот се соочува со 40 години затвор откако призна
Докторот Салвадор Пласенсија, кој го нарече Метју Пери „кретен“, се изјаснил за виновен за снабдување со кетамин на актерот од серијата „Пријатели“.
Докторот Салвадор Пласенсија, кој го нарече Метју Пери „кретен“, се изјаснил за виновен за снабдување со кетамин на актерот од серијата „Пријатели“.
Тоа се случило, како што признал тој, во месецот што претходел на неговата смрт.
Како што наведува британски „Мирор“, д-р Салвадор Пласенсија се изјаснил за виновен по четири точки на федералниот суд во Лос Анџелес, нарекувајќи го покојниот актер „кретен“ во СМС-пораки.
Пласенсија, со седиште во Калифорнија, веќе беше обвинет по смртта на Пери. Денеска, тој се изјасни за виновен по четири точки на нелегална дистрибуција на лекот, кој се користи како анестетик на рецепт.
Обвинителите рекоа дека сега се соочува со казна затвор до 40 години кога ќе биде изречена пресудата.
Да потсетиме, Метју Пери беше пронајден мртов во неговото џакузи во октомври 2023 година. Официјалната причина за смртта беше предозирање со кетамин. Актерот претходно јавно зборуваше за своите борби со зависноста и менталното здравје, а користел и кетамин под контролирани услови како дел од неговата антидепресивна терапија.
Сепак, според наводите на обвинителството, во есента 2023 година имал сериозен рецидив, во текот на кој непромислените поединци во медицинската професија повторно го вовеле во деструктивен циклус.