Шок за фановите на Надал – тенисерот боледува од ретка болест која ги напаѓа стапалата
Според медиумите, Надал дознал за оваа болест уште во 2005 година.
Еден од најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал, страда од болест наречена Милер-Вајс, која сè уште не е позната за лекарите. Како што објавија шпанските медиумите, болеста ги напаѓа коските на стапалата, односно централниот дел на тој дел од телото, и предизвикува многу силна болка при ненадејни движења.
Според медиумите, Надал дознал за оваа болест уште во 2005 година.
– Тешко е да се заклучи дека ова е болест во рана фаза. Лекарите стануваат сигурни само кога таа напредува. Болката се појавува во средината и задниот дел на стапалото, овие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку глуждот до коленото. Додека пациентот оди или трча, ситуацијата се влошува – објасниле лекарите за шпанските медиуми.