Новак Ѓоковиќ им приреди ново разочарување на своите фанови откако доживеа елиминација уште на стартот на мастерс турнирот во Монте Карло каде беше поразен со 2-0 од Алехандро Табило.
Мечот траеше час и половина, а освен на стартот Новак подоцна ги покажа сите свои слабости кои ги има во последните неколку месеци.
Тенисерот го почна мечот со брејк и се чинеше дека нема да има големи проблеми да го совлада Табило. Но Чилеанецот возврати веднаш на ист начин и израмни на 1-1. До крајот на сетот зама уште еден брејк, го доби сетот со 6-3 и поведе со 1-0.
Слично беше и во вториот сет кога Ѓоковиќ загуби еден свој сервис, Табило беше подобар со 6-4 и ја комплетираше победата од 2-0.