ШОК ВО МАЈАМИ Момчето на Сабаленка се самоуби во хотелската соба
Поранешниот белоруски хокеар Константин Колцов извршил самоубиство скокајќи од балконот на хотелската соба во Мајами каде ја придружувал Арина Сабаленка пред настапот на турнирот. Спасувачката служба реагирала и го пренеле во болница, но не успеале да го спасат.
Трагичната смрт на поранешниот белоруски хокеар Константин Колцов, момчето на втората тенисерка на ВТА листата, Арина Сабаленка, денеска ја шокира спортската јавност.
Според првичните информации Колоцов починал од белодробна тромбо-емболија, но потоа белоруските медиуми излегоа со информации дека тој извршил самоубиство скокајќи од балконот на хотелската соба во Мајами каде ја придружувал Сабаленка пред настапот на турнирот. Спасувачката служба реагирала и го пренеле во болница, но не успеале да го спасат.
⚡️ Former Belarusian national hockey team player Konstantin Koltsov committed suicide.
The https://t.co/pTlid5Fp78 representative received a response from the Miami police.
1/2 pic.twitter.com/7l7ipxtLOy
— Tribuna.com Беларусь (@goalsby) March 19, 2024
По завршувањето на играчката кариера, Константин Колоцов (43) продолжи како хокеарски тренер. Тој беше помошник тренер во тимот Салавет Јулајев, а требаше да седне на клупата на Динамо Минск од следната сезона.
Легендарниот хокеар учествуваше на Зимските олимписки игри во 2002 и 2010 година и смени неколку клубови во КХЛ, а играше и за Питсбург пингвинс во НХЛ.
View this post on Instagram
По веста за смртта на Колоцов беше објавена информација дека Сабаленка го откажала настапот, но потоа стигна потврда дека белоруската тенисерка и покрај трагедијата сепак одлучила да настапи на Мастерсот во Мајами.