ШЛАКАНИЦА ОД МЕРЦ ЗА КИЕВ Земја во војна не може да биде членка на НАТО и на ЕУ

Украина е многу голема европска земја, но таа е европска земја која е во војна. Земја што е во војна не може да стане членка на НАТО или на Европската унија, истакна потенцијалниот нов германски канцелар во интервју за весникот „Ханделсблат“.

632

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих Мерц, лидер на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), пренесува Б92.

– Украина е многу голема европска земја, но таа е европска земја која е во војна. Земја што е во војна не може да стане членка на НАТО или на Европската унија – истакна Мерц во интервју за весникот „Ханделсблат“.






Од Брисел постојано пристигнуваат сигнали во врска со можното членство на Украина во овие две организации.

Сепак, во февруари Унгарија стави вето на почетокот на првата фаза од преговорите за пристапување на Украина во Европската унија.

 

Поврзани содржини