ШКОДА СЕ ИСКАЧИ НА ЖАРДИНИЕРА НА ПАРТИЗАНСКА Возачот изгуби контрола
Засега нема официјални податоци за тоа како дошло до несреќата, ниту дали во возилото имало други лица покрај возачот.
Автомобил од марката „шкода“, со скопски регистерски таблички, доцна синоќа заврши врз жардинерата на средина на Булеварот Партизански одреди, во близина на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, откако возачот изгуби контрола врз возилото.
На местото на несреќата излезе екипа на СВР Скопје, а граѓани ја фотографираа несекојдневната сцена и објавија фотограции и видеа од настанот на социјалните мрежи.
Засега нема официјални податоци за тоа како дошло до несреќата, ниту дали во возилото имало други лица покрај возачот. Не е познато ниту каква е здравствената состојба на учесниците во инцидентот.