Шилегов: Скопје повторно ги добива Ленинова, Железничка…

Тој потенцира дека со враќањето на старите имиња на најпознатите скопски улици денес исполнил уште едно изборно ветување.

274

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска соопшти дека се враќаат назад променетите имиња на познатите скопски улици.

– Ја имам таа чест да ви соопштам дека од денес повторно ги имаме Ленинова, Железничка, Мексичка, Каирска, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 4 Јули и други на местата каде што сите ние сакавме да бидат и да останат како дел од колективната меморија на нашето Скопје. Со денешната одлука на Советот беа именувани 485 улици и 8 мостови, плоштади и други инфраструктурни објекти во нашиот град – вели Шилегов.






Тој потенцира дека со враќањето на старите имиња на најпознатите скопски улици денес исполнил уште едно изборно ветување.

– Најголемиот дел од улиците кои добија нови имиња претходно беа именувани или со број или како краци на други улици. Ова го направивме од практични причини, со што се олеснува целокупната организација на нумерирањето на објектите на овие улици. Многу улици добија имиња по личности кои оставија белег на македонската и светската историја, наука и култура. Свои улици добија Блаже Конески, Славко Јаневски, Горан Стефановски, Благоја Георгиевски – Буштур, Енвер Малиќи и многу други кои оставија белег кој долго ќе се памети во скопската и македонската традиција – рече градоначалникот.

Поврзани содржини