Шилегов се надева дека коњот ќе биде отстранет од плоштадот Македонија

Во однос на спомениците на скопскиот плоштад, тој објаснува дека се во надлежност на Општина Центар и изразува надеж дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“.

804

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за грчкиот медиум „Етнос“ рече дека одлуката за отстранување на галиите од реката Вардар ја донел поради тоа што приоритет е безбедноста на градот.

– За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Тоа е опасен и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација – вели Шилегов.






Во однос на спомениците на скопскиот плоштад, тој објаснува дека се во надлежност на Општина Центар и изразува надеж дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“.

Поврзани содржини