Скопскиот градоначалник Петре Шилогов најави три опции како решение за Универзална сала и тоа реставрација на постојната, изградба на нова мултимедијална сала на нова локација и нова сала на постојната локација . Шилегов најави и можен референдум за Универзална сала. Тој ова го кажа на брифинг со новинарите каде ги претстави трите можности.
Шилегов рече дека лично се залага да се реставрира стариот објект, а дополнително да се изгради нова и поголема сала на друга локација.
Скопскиот градоначалник рече дека пари за овој капитален проект ќе бара од владата и дека според првичните пресметки, изградба на нова сала на нова локација и рестраврација на постојната би чинеле околу 20 милиони евра.