Шилегов: „Рекорд“ станува пешачка зона со воведувањето на „Бас рапид транзит“
Инаку во текот на вчерашниот ден беше информирано дека Град Скопје на 21 април потпиша договор за заем од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за воведување на брз автобуски превоз или трамвајот на тркала за две линии.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека кон крајот на 2023 година, дека „Рекорд“ ќе биде затворен за сообраќај, односно потегот од Собрание до ТЦ „Палома Бјанка“ и ќе биде дозволено движење само на возила од јавниот превоз.
– Јас кажав уште пред две години дека амбициите на Градот, она што всушност претставува градско јадро во сите современи европски метрополи ќе личи и во нашиот град. Тоа што треба да го знаеме е дека ова ќе оди заедно со имплементацијата на системот. Како што ќе биде изведен, така и ќе дојде до преструктуирање на таа улица – рече Шилегов на денешната прес-конференција.
Тој најави со реализација на проектот улицата од сообраќајница ќе биде пренаменета во пешачка зона.
– Не можам да кажам точни бројки и рокови, затоа што се ќе зависи од имплементацијата на „Бас рапид транзит“, а очекувам до тогаш да го започнеме и тунелот под „Лимак“, така што ќе доживее целосна трансформација сообраќајот во Малиот и во Средниот ринг, но тоа се податоци кои како ќе бидат созреани, по основ на анализи и по бројките, така ќе бидат ставени на граѓаните – вели првиот човек на градот.
Шилегов додаде дека воведувањето на брзиот автобуски превоз на сериозен начин ќе ги промени навиките на луѓето во Скопје, истакнувајќи дека градот единствениот во Европа кој има „силвер лајн“ по сите квалификации, и станува убедливо најатрактивен за јавен транспорт и за 30,4 минути со 21 застанување ќе биде делницата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров.
– Движењето ќе се одвива нив „Рекорд“ и ќе биде дозволено само за јавниот превоз, како и пожарникарните и возилата за брза помош. Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа. Тогаш пешачка зона ќе биде потегот од Стара железничка станица до Бит пазар, вели градоначалникот Шилегов.
Тој додаде дека тендерот за „Бас рапид транзит“, квалификацискиот дел започнува до крајот на јуни, а некаде околу Нова година ќе биде потпишан договорот за имплементација и дека во наредните 2-3 години ќе има сериозна трансформација во тој дел од градот.
Инаку во текот на вчерашниот ден беше информирано дека Град Скопје на 21 април потпиша договор за заем од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за воведување на брз автобуски превоз или трамвајот на тркала за две линии, и тоа од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.