Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот „Фејсбук“ профил сподели дека е при крај е новиот пат за влез на комплексот клиники ,,Мајка Тереза”.
– Привршуваме во Клинички центар кај Инфективна клиника. Реализирано за помалку од 24 часа. Просторот е уреден по барање на Министерството за здравство. Благодарност до Улици и патишта – Скопје – објави Шилегов.