ШИЛЕГОВ НА ФЕЈСБУК „МАВНА“ ПО ЗЕЧЕВИЌ Ескалира конфликтот во СДСМ

4,920

Конфликтите во СДСМ достигнаа ново ниво по објавата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој сподели фотографија на која се гледа дека поранешниот генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ „Вардарски“ го отстранил од група на една од апликациите за комуникација.

„Дечкото од Серава, што мисли дека е „булдужер“ од Вардар … Допрва следи „римув“….“, саркастично  искоментира Шилегов.






Коментарите кои следуваат под објавата се претежно во стилот „откако изгубивте власт, се изодовте меѓу себе“.

Денешната конфронтација преку социјалните мрежи е уште еден силен сигнал дека во СДСМ има длабоките поделби и кавги, што не можеше да се сокрие и во време на изборот на нов лидер на партијата пред десетина дена.

Поврзани содржини