ШИЛЕГОВ ИМА БОГАТСТВО СТЕКНАТО БЕЗ ПОКРИТИЕ? Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ќе објави нови докази за аферата „Профитер“
„Утре во 11.30 часот ќе обелодениме докази за аферата ’Профитер‘. Следете!“ се вели во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение најави дека утре во 11:30 часот ќе обелодени нови докази за аферата „Профитер“, а како што е наведено во соопштението, скопскиот градоначалник Петре Шилегов наводно има богатство за кое нема покритие како е стекнато.
„Зошто градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, има богатство за кое нема покритие како е стекнато? Како тендерите на Град Скопје секогаш завршуваат со најскапата понудена понуда? Како градот ги мести тендерите? Кои се омилените компании на Шилегов? Утре во 11.30 часот ќе обелодениме докази за аферата ’Профитер‘. Следете!“, се вели во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.