Шидер со критика за бугарската блокада на Северна Македонија за ЕУ

Тој во разговор со новинарите изрази жалење што шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ не можеле да се договорат за почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албванија оваа година.

401

Шефот на делегацијата на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) во Европскиот Парламент, Андреас Шидер упати остра критика кон бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија и молбата да се изврши притисок врз Софија.

Шидер оцени дека Бугарија со тоа не го минира само транспарентниот пристапен процес, туку и напредокот на Северна Македонија.






Тој во разговор со новинарите изрази жалење што шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ не можеле да се договорат за почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албванија оваа година.

Изрази уверување дека идниот претседавач со ЕУ, Португалија ќе пронајде решение, иако за премиерот Антонио Коста вели дека не е „балкански политичар“, како што е германската канцеларка Ангела Меркел.

– Меркел очигледно го загуби своето влијание врз Бојко (Борисов) – констатираше Шидер и истакна дека е очигледно дека Бугарија, како и Полска и Унгарија се обидува со блокади да добие поени на внатрешно-политичката сцена.

Шидер смета дека причина за ставот на Софија се изборите, кои се планирани за следната година. Политичките партии во земјата, вели тој, сакаат оваа историска приказна да ја искористат за предизборни цели.

– Бугарија нема право да го минира правото на самоопределување и културен идентитет на една земја – порача Шидер.

Поврзани содржини