Шевченко: Сакам да бидам тренер на Милан!
Шевченко е најдобриот напаѓач во Милан во последните 25 години, а во текот на осум сезони во клубот, тој беше шампион на Италија и Европа.
За Андреј Шевченко, една од целите во неговата тренерска кариера е да биде тренер на неговиот Милан!
Славниот Украинец, кој во моментов е селектор на својата репрезентација, потврди дека би сакал да се врати кај „росонерите“ како тренер.
Шевченко е најдобриот напаѓач во Милан во последните 25 години, а во текот на осум сезони во клубот, тој беше шампион на Италија и Европа.
Тој во тој период постигна дури 175 голови во славниот дрес на „црвено-црните“, а сега се надева дека еден ден би можел да биде нивни тренер.
– Сега, најважно е да се обидеме да ја завршиме оваа сезона. Секој играч треба да даде се од себе за да ја заврши сезоната. После тоа, ќе видиме што ќе се случи и каква ќе биде иднината на Милан. Сакам да се вратам како нивни тренер еден ден. Милан секогаш ќе биде во моето срце, имам голема љубов кон нивните обожаватели – изјави Шевченко за „Милан Њуз“
Како селектор на репрезентацијата на неговата земја, тој се квалификуваше за Европското првенство, кое ќе се одржи во летото 2021 година, но очигледно размислува и подалеку од тоа во иднина.
– Да видиме кога и дали тоа ќе се случи, но една од моите цели е да се вратам кај „росонерите“ како тренер. Засега размислувам само за Украина и јас сум фокусиран на репрезентацијата – рече популарниот Шева.