ШЕСТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СУДАР НА ДВА „МЕРЦЕДЕСА“ Тешка сообраќајка во Стопански двор
Во силен судар меѓу два „мерцедеси“ повредени шестмина, меѓу кои и малолетник; полицијата работи на расчистување на причините.
Во Скопје во вторникот вечерта на крстосницата меѓу улиците 52 и 49 во населбата Стопански двор, се судриле два „мерцедеси“ – едниот со германски ознаки, управуван од 35-годишна Германка, а другиот со скопски таблички. Од ударот најтешко бил повреден 49-годишен сопатник од скопското возило, а уште тројца негови сопатници – на возраст од 22, 23 и 30 години – се здобија со полесни повреди.
Повредени биле и возачката од Германија и нејзиниот малолетен сопатник. Сите биле згрижени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св. Наум Охридски“, информира МВР во билтенот.
Увид на местото изврши екипа на скопската полиција.