ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ПРИ СУДАРОТ НА 4 ВОЗИЛА КАЈ „ВЛАЈКО“ Полицијата откри детали за страшната сообраќајка во Влае
Полицијата информира дека во несреќата учествувале 4 возила, но едното го напуштило местото.
Скопската полицијата сподели детали од тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот Партизански одреди кај надвозникот пред влезот на населбата Влае.
Како што велат од СВР Скопје во сообраќајката учествувале четири патнички возила, при што едно го напуштило местото, а шест лица биле повредени.
„Вчера околу 17:30 часот, во близина на мостот „Влајко“ во Скопје, се случила сериозна сообраќајна незгода во која биле вклучени четири патнички возила. Според информациите од СВР Скопје, незгодата се случила помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (39) од Скопје, и уште три други возила: „ауди“ управувано од З.А. (29) од с.Сингелиќ, „форд фиеста“ управувано од Т.Т. (46) од Скопје, и „фиат стило“ кое ја напуштило местото на настанот“, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека во незгодата се повредени неколку лица. Возачот на едното „ауди“, З.А., и неговите сопатници, Р.Р. (20) од с.Сингелиќ и Ј.А. (20) од с.Батинци, како и возачот Д.С. и сопатникот Д.Т. од Скопје, се здобиле со телесни повреди. Повредените лица биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им биле укажани медицински услуги.
Полицијата има отворено истрага и известен е јавен обвинител. Поради несреќата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
📷 ДВЕ СООБРАЌАЈКИ ВО ВЛАЕ Се создадоа колони возила на Партизанска