ШЕСТИ СМЕ ВО СВЕТОТ, А ПЕТТИ ВО ЕВРОПА ПО СМРТНОСТ ОД КОРОНА Бугарите се втори, Србите на 30-то место

Жешкиот список по Бугарија на трето место ја става Босна и Херцеговина, каде загинале 13.696 луѓе, односно 4.215 луѓе на милион жители. Следуваат Унгарија, Црна Гора, па Македонија.

1,070

Македонија е на шестото место за починати луѓе на 1 милион жители од коронавирусот во целиот свет според веб-страницата worldometers.com, а на топ 10 списокот се наоѓаат нашите балкански комшии. Најмногу луѓе починале во Перу, а потоа во соседна Бугарија, 31,838 лица, што значи дека умреле 4.635 луѓе на милион Бугари.  Бугарите воедно се први во Европа по смртноста.

Жешкиот список по Бугарија на трето место во светот ја става Босна и Херцеговина, каде загинале 13.696 луѓе, односно 4.215 луѓе на милион жители. Следуваат Унгарија, Црна Гора, па Македонија. Кај нас починале 3.870 луѓе на милион жители, односно над 7.000 на 2 милиона Македонци.






Интересно е што на деветтото место доспеала Хрватска, со 12.983 починати од своите 4 милиони жители. Словенија не влезе во првите 10 земи со најцрна бројка починати, но е блиску, односно го зазеде 13-тото место со 2.731 починат на милион жители. На најдобрата позиција на списокот е нашиот северен сосед Србија, која е на далечното 30-то место во однос на регионот.

За да се добие посочената листа на графиконот на worldometeres треба да се одбере опцијата „death per million“.

 

Поврзани содржини