Шестгодишно дете од селото Крушопек, Скопско, починало од струен удар, соопшти МВР.
Детето вчера попладне било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Оттаму во полиција било пријавено дека кај нив било донесено шестгодишно дете починато од струен удар.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.