Шеста кредитна линија од 100 милиони евра за стопанството преку Развојна банка
Од 2009 година се пласирани пет вакви кредитни лiнии со вкупна вредност од 450.000.000 евра. Со нив се поддржани 2090 проекти и се отворени над 8.000 работни места.
Нови 100 милиони евра преку шеста кредитна линија на Развојна банка ќе се дадат на стопанството. Владата ќе ја субвенционира каматата на Развојната банка која ја плаќа на Европската инвестициска банка. Рокот на отплата на дел кредитите е до 12 години со две години грејс период зависно од тоа дали е за инвестиции или зголемување на обртните средства.
Кредитите ќе бидат достапни набрзо по склучувањето на договорите на Развојната банка со деловните банки кое ќе се случи на крајот на јули.
Од 2009 година се пласирани пет вакви кредитни лiнии со вкупна вредност од 450.000.000 евра, со нив се поддржани 2090 проекти на компаниите и се отворени над 8.000 работни места.