📽 ШЕСТ ЖРТВИ ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ВО САД Меѓу жртвите е директорот на Сименс и неговото семејство

Хеликоптерот полетал од хелиодром во Долен Менхетен во 14.59 часот, се упатил кон југ, а потоа свртел на север по брегот на Менхетен и реката Хадсон.

260

Шест лица, семејство шпански туристи и пилотот, загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон кај брегот на Њу Џерси.

Меѓу жртвите, според полициски извори, е и Агустин Ескобар, директор од Сименс, заедно со неговото семејство.






Како што изјави комесарот на њујоршката полиција Џесика Тиш, повикот до итната помош пристигнал во 15.17 часот.

– Пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пјер А во Хобокен, покрај брегот на Њу Џерси. По пристигнувањето полицијата од водата извадила 4 лица, а пожарникарите уште две. Четири лица беа прогласени за мртви на местото на настанот, а две беа пренесени во болница – рече Тиш.

Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат.

Хеликоптерот полетал од хелиодром во Долен Менхетен во 14.59 часот, се упатил кон југ, а потоа свртел на север по брегот на Менхетен и реката Хадсон.

-Во 15.08 часот стигна до мостот Џорџ Вашингтон, а потоа се сврте и полета по брегот на Њу Џерси, каде набрзо изгуби контрол – рече Тиш.

Федералната управа за авијација (ФАА) и Националниот одбор за безбедност на транспортот (НТСБ) започнаа заедничка истрагата.

Поврзани содржини