Шест позитивни тестови во Премиер лигата

Премиер лигата ги објави позитивните тестови, но не ги објави имињата на заразените и клубовите од каде се.

227

Резултатот од шест играчи или членови на персоналот во Премиер лигата беше позитивен за присуството на Ковид-19. Тие се од примероци земени од три клуба. Шестемина ќе бидат изолирани за период од седум дена. Првата серија тестови беше извршена во текот на викендот, во која беа вклучени примероци од 748 лица.

Премиер лигата ги објави позитивните тестови, но не ги објави имињата на заразените и клубовите од каде се.






„Премиер лигата ги обезбедува овие информации заради транспарентност и чесност. Нема да бидат дадени никакви конкретни детали за луѓето или клубовите. Резултатите ќе бидат објавени по секоја серија тестирања“ се вели во соопштението од управата на англискиот шампионат.

Првенствоно беше суспендирано на 13 март поради пандемијата од коронавирус, а надежите се дека ќе продолжи на 12 јуни. Од денес, играчите започнаа со тренинзи во групи без контакт.

Резултатите од шесте заразени се од првата серија на извршени тестови.

Поврзани содржини