Шест месеци затвор за Лука Јовиќ? Покренато обвинение против фудбалерот

Имено, во март, по пристигнувањето во Белград од Шпанија во времето кога беше прогласена вонредната состојба, тој требаше да помине две недели во самоизолација, што не ја испочитува.

651

Првото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, обвинувајќи го за кривично дело непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата.

Имено, во март, по пристигнувањето во Белград од Шпанија во времето кога беше прогласена вонредната состојба, тој требаше да помине две недели во самоизолација, што не ја испочитува.






По проверка од надлежните инспектори, тој не бил пронајден во станот, за кој пријавил дека ќе остане во него.

Поради кршење на мерките за самоизолација, обвинителството му сугерира на судот Јовиќ да биде осуден на шест месеци затвор.

Обвинението уследи откако Јовиќ одби да прифати можност да се договори со обвинителството.

Поточно, со парична казна од 3,5 милиони динари, неговата казна треба да се избрише.

Поврзани содржини