ШЕСТ КВАРТАЛИ ПО РЕД ЕКОНОМИЈАТА БЕЛЕЖИ РАСТ Силната динамика на капиталните инвестиции даде резултати
Од владејачката партија велат дека растот на БДП е широка основа, но клучни сектори кои покажуваат дека македонската економија застанува на здрави нозе и кои го овозможуваат и најмногу придонесуваат во овој раст, се градежништво кое бележи раст од скоро 15%, односно високи 14,6% и извозот со 9,5%, односно скоро 10%.
Растот на БДП од 3,8% во последното тримесечје од 2025 година покажа дека силната динамика на Владата за реализација на капиталните инвестиции даде резултатите. Активноста во нискоградбата е зголемена за 12,5%, велат од ВМРО-ДПНЕ по објавувањето на официјалните статистички податоци за раст на економијата во последните три месеци кани.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни. Измината повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали. Така што последниот квартал од 2025 година, македонската економија го завршува со раст на БДП од 3,8%, при што годината заврши со раст од 3,5% – велат од партијата.
Оттаму додаваат дека растот на БДП е широка основа, но клучни сектори кои покажуваат дека македонската економија застанува на здрави нозе и кои го овозможуваат и најмногу придонесуваат во овој раст, се градежништво кое бележи раст од скоро 15%, односно високи 14,6% и извозот со 9,5%, односно скоро 10%.
– Овој висок раст на градежништвото во четвртото тримесечје од мината година е резултат на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5%. Тоа значи дека силната динамика на растот на градежништвото, најмногу се должи на посветеноста на македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за реализација на капитални проекти, како што се патишта и автопатите дел од паневропските коридори. Работите на терен не престануваат и со уште позасилено темпо ќе се продолжи со работа, не само за градежништвото да бележи уште повисоки проценти на раст, туку преку изградба на соодветна, брза и квалитетна инфраструктура за се развиваат сите економски сектори – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Економистите од партијата велат дека друг показател кој особено охрабрува е растот на извозот и неговиот сооднос со увозот на стоки и услуги. Па така, последниот квартал од минатата година извозот се зголеми за скоро 10%, додека увозот за 3,3% што значи дека нето-извозот имал значително позитивно влијание врз македонското стопанство.
– Овие се охрабрувачки параметри кои се добра основа за уште поголем понатамошен економски раст кој ќе донесе подобар животен стандард и повисоки плати за сите. Во целиот овој изминат труд, не недостигаше поддршката од државата за стопанство, за која цел Владата стави на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании. И сето ова даде резултати. Македонија мора и може повеќе – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.