Шекеринска од Кичево: Изборот е јасен, НАТО и ЕУ или Хунзи и Белизе

Од еднава страна имате решенија дури и на најтешките проблеми, а од другава страна имате само кавги непријателства. рече Шекеринска.

465
Ретко кога имаме вака ретка разлика, од едната страната имате членство во НАТО, од другата страна имате една бела палата во центарот на Скопје. Од еднава страна имате Брисел и преговори со ЕУ, на другава страна го имате Белизе и преговори со хунзите, изјави вечерва во Кичево Радмила Шекеринска носител на листата во Изборната единица 5  на коалицијата „Можеме“.





– Од еднава страна имате решенија дури и на најтешките проблеми, а од другава страна имате само кавги непријателства. На овие луѓе и на овој народ им е смачено од кавги и непријателства. Мислам дека едно од работите кое што спомнав ја покажува сета разлика. Тие живеат за да прават проблеми, а ние чувствуваме дека наша обврска е проблемите да ги решаваме. Тие дел од проблемите ги создаваа со агресија и со страв. Има некој веќе во државата којшто се плаши да си го каже мислењето? Нема. Има медиум кој е под притисок да ја фали само власта? Нема – рече Шекеринска.
Спооред неа  единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ може  да го обнови, е режимот, стравот и насилството.

 

Поврзани содржини