Шекеринска од Кичево: Ќе ја вратиме правната држава

Таа рече дека за Кичево главниот фокус ќе ни биде и економијата и инфраструктурата.

214

Во изминативе две и пол години нашиот фокус беше да обезбедиме поправедна и поправична држава, во која ќе зборуваме за поддршка на обесправените и оние на кои правдата им е најпотребна. Ако фокусот овие две и пол години беше на поправична држава, фокусот во следните четири години ќе ни биде на обезбедување на целосно правна држава, изјави во Кичево Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5.

– Во наредните четири години главна цел ќе ни биде да ја вратиме правната држава, затоа што чувме и видовме колку трул е нашиот судски систем. Да покажеме дека никој во земјава нема да биде над законот, како што успеавме да влеземе во НАТО и како што ги започнавме преговорите со Европската Унија, така сега ќе се нафатиме на тврдиот костен и нема да бидеме ниту под уцени ниту под притисоци, за да се справиме со ова зло – рече Шекеринска.






Таа рече дека за Кичево главниот фокус ќе ни биде и економијата и инфраструктурата.

– Следната година целосно ќе го завршиме автопатот Кичево-Охрид. Инвестирани се повеќе милиони евра за збогатување на инфраструктурата во овој регион – рече Шекеринска

Поврзани содржини