Шекеринска: Денешниот датум ќе биде впишан во учебниците по историја

Денешниов ден го чекавме речиси 30 години. Нека ни е честито! - рече Шекеринска.

721

Денешниот датум – 27 март е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историја, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето по повод формалното зачленување на земјава во НАТО.

– Тоа ќе биде датум на првиот голем успех на нашата независна и суверена држава. Таму ќе пишува дека на 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО – Алијансата. Со денешниот финален чин на депонирање на Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот во Вашингтон, станавме полноправна, официјална, 30. земја – членка на најмоќниот воено политички сојуз на денешнината. Влеговме под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе во светот. Денешниов ден го чекавме речиси 30 години. Нека ни е честито! – рече Шекеринска.

Поврзани содржини