Шефовите на дипломатиите на ЕУ предложија санкции против Лукашенко
Денеска, Лукашенко се закани дека ќе ги намали европските транзитни патишта низ својата земја доколку се воведат санкциите.
Министрите за надворешни работи на ЕУ на неформалниот состанок во Берлин разговарале за ситуацијата во Белорусија и односите на ЕУ со Турција и за Русија.
Европските министри го осудија „насилството и репресијата“ во Белорусија.
Му предложиле санкции до Европскиот совет кои треба да бидат порака дека само демократските сили можат да победат на избори. ЕУ, исто така, одлучи да испрати помош од 53 милиони евра, пред се на демократските сили и еден дел за борба против ковид-19“.
Белорусија е потресена од немири по објавувањето на резултатите од претседателските избори на 9-ти август, на кои Лукашенко освои 80 проценти од гласовите, а што опозицијата и демонстрантите ги сметаат за лажирани.
Денеска, Лукашенко се закани дека ќе ги намали европските транзитни патишта низ својата земја доколку се воведат санкциите.
Европските министри изразиле солидарност со колегите од Грција и Кипар во врска со новите тензии со Турција.
Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа откако Анкара овој месец го испрати својот истражувачки брод Оруч Реис во спорните води на источен Медитеран, потег што Атина го нарече нелегален.
Турската морнарица вчера објави дека ќе одржи „вежби со стрелање“ на работ на нејзините територијални води во северо-источниот агол на Средоземното море следниот вторник и среда. Министерот за одбрана Хулуси Акар рече дека ископувањата се „секундарно поврзани“ и не се однесуваат директно на контроверзното барање на Турција на природен гас, поради што се во конфликт со Грција и ЕУ.
– Им дадовме простор на Турција за дипломатски дијалог, со оглед на фактот дека Турција е геополитички силна земја, наш партнер, кандидат за ЕУ и членка на НАТО, но во секој случај, нелегалното истражување во источниот Медитеран не може да се толерира – рече министерот за надворешни работи на Хрватска Грлиќ Радман по средбата.
Што се однесува до односите на Унијата со Русија, министрите „изразиле надеж за транспарентност на истрагата“ за евентуално труење на Алексеј Навални, критичар на Кремљ, кој е во индуцирана кома во берлинската болница.
Германска болница соопшти дека првиот медицински преглед на Навални укажува на труење, додека руските лекари, кои го лекувале во сибирската болница, тврделе поинаку. Тие рекоа дека му го спасиле животот, но не нашле никакви траги на отров во неговото тело.