ШЕФОТ НА УКРАИНСКИТЕ РАЗУЗНАВАЧИ ИМА ТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА Путин е болен, наскоро ќе умре
Буданов додаде дека во случај на смрт на Путин ќе има пренесување на власта, но дека војната во Украина треба да се прекине пред смртта на рускиот претседател.
Рускиот претседател Владимир Путин е болен и мног убрзо морже да почине, изјави шефот на разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов. Во интервју за ABC News тој зборуваше и за актуелниот развој на ситуацијата и војната во Украина.
– Да, тој е болен, во терминална фаза. Мислам дека ќе умре многу брзо. Се надевам дека е така. Мислиме дека станува за рак. Тоа го знаеме од извори блиски до Кремљ, односно самиот Владимир Путин – вели Буданов.
Буданов додаде дека во случај на смрт на Путин ќе има пренесување на власта, но дека војната во Украина треба да се прекине пред смртта на рускиот претседател.
На новинарско прашање дали Украина е одговорна за нападот на базата Енгелс, Буданов рече дека не може да одговори.
– Не можам да одговорам на тоа прашање до крајот на војната. Ми беше драго што го видов тој напад, тоа е мојата реакција. Мислам дека ќе има повеќе напади, сè подлабоко и подлабоко на руска територија – рече тој.
Буданов нагласи дека нападите би можеле да се однесуваат и на Крим, особено ако се земе предвид дека Крим е дел од Украина и дека Украина може да употреби какво било оружје во таа област.