Шефот на јавното здравство на САД предупредува: Ни следува нешто како 11 септември или како Перл Харбор
Тој во интервју за „Fox News“ изјави дека Америка повторно ќе го доживее моментот како Перл Харбор.
Првиот човек на американското јавно здравство, Жером Адамс, ја предупреди американската јавност дека оваа недела ќе биде најтешката во животот на Американците и ја спореди со нападот на 11 септември.
Тој во интервју за „Fox News“ изјави дека Америка повторно ќе го доживее моментот како Перл Харбор.
– Следува најтешксата и најтажната недела во животот на повеќето Американци. Ова ќе биде момент како Перл Харбор или како 11 септември, само што овојпат нема да биде локализиран – истакнал Адамс.
Инаку, според последните статистики, во Америка како последица од ковид-19 починале над 10.000 луѓе, а 340.000 се позитивни на заразата.