ШАРЛИЗ ТЕРОН „УДРИ“ ПО БЕЗОС И САНЧЕЗ „Не бев поканета на свадбата, тие се за никаде“
Холивудската актерка Шарлиз Терон, се чини, воопшто не била импресионирана од прескапата венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна десетици милиони долари во Венеција.
Холивудската актерка Шарлиз Терон, се чини, воопшто не била импресионирана од прескапата венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, вредна десетици милиони долари во Венеција. На забавата што ја организираше како дел од својата фондација „Шарлиз Терон Африка аутрејч проџект“, таа се пошегувала за „свадбата на векот“.
„Мислам дека можеби сме единствените луѓе коишто не добивме покана за свадбата на Безос“, ѝ рекла актерката на публиката на настанот во Лос Анџелес.
„Но, тоа е во ред затоа што тие се за никаде, а ние сме супер“, рекла Терон на шега, пишува „Холивуд репортер“.
Добитничката на Оскар им се заблагодарила на своите гости што „одвоиле време да бидат дел од настанот, особено кога се чини дека светот гори“.
„Имиграциската политика ги уништи животите на семејствата, а не на криминалците, правата на жените стануваат сè помали и помали секој ден, животите на квир и трансродовите лица се бришат сè повеќе и повеќе, а насилството врз основа на пол е во пораст. Ова не е само политика, ова е лично“, рече таа.
Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаа во петокот вечерта на островот Сан Џорџо Маџоре.
Иако Терон не беше на списокот на гости за тридневната свадбена екстраваганција на Безос и Санчез, многу познати личности се собраа во Венеција за да го прослават парот. Ким и Клое Кардашијан, Крис Џенер, Том Брејди, Орландо Блум, Иванка Трамп, Леонардо Дикаприо, Опра Винфри, Ашер, Сидни Свини, Кендал Џенер, Кајли Џенер, принцезата Ранија и други познати личности присуствуваа на свеченостите.