„Шаоми“ донираше во Италија: Во пакетите маски, а на пакетите поезија ФОТО
„Ние сме бранови од истото море, лисја од истото дрво и цвеќиња од истата градина“, напишано беше на пакетите со маски.
Кинескиот телефонски гигант „Шаоми“ испрати десетици илјади заштитни маски во Италија, а на пакетите беше испишана и поезијата на римскиот филозоф Сенека.
„Ние сме бранови од истото море, лисја од истото дрво и цвеќиња од истата градина“, напишано беше на пакетите со маски.
Како што објави компанијата, донацијата е резултат на чувството за одговорност кон пазарот во Италија, кој им посакал топло добредојде на паметните телефони што ги произведува токму „Шаоми“.