Шакира раскажа сѐ за депресијата: Децата не можеа да ме гледаат, беше ужасно

978

Латино-sвездата, 44-годишната Шакира, во неодамнешното интервју го раскажала своето искуство од депресијата поврзано со крвавењето на гласните жици во 2017 година, пред турнејата Ел Дорадо. Својата приказна ја раскажала со голема храброст, сакајќи да им биде пример не само на своите деца, туку да нè потсети дека ништо не треба да земаме здраво за готово, а особено здравјето.

– Мислев дека многу работи во животот постепено ќе ме напуштат – убавина, младост, но никогаш не помислив дека мојот глас може да го стори тоа, бидејќи е толку вкоренет во мојата природа. Тој е мојот идентитет, а неиздржливо е да не можам да пеам – рече Шакира, која во одреден момент од животот не можеше да зборува, па мораше да комуницира со сопругот и децата со гестикулации со рацете.






„Не можев да бидам позитивна, напротив, бев многу голем песимист. Беше многу тешко да се биде околу мене, а мојот сопруг Жерард Пике го проживеа тоа полошо од мене. Неколку дена не можев ни да станам затоа што бев во депресија. Децата не можеа да ме гледаат затоа што не знаеја што ми се случува“, вели оваа поп музичарка која западна во уште поголема депресија кога сфати дека мора да ја одложи турнејата. Тогаш лекарите ја советувале да се подложи на операција на гласните жици. „Отсекогаш сум одбивала да експериментирам со алтернативни методи како што се хипноза, медитација, па дури и благословената вода во Лурд. Но, никогаш не се откажав од мојата борба и на крајот гласот ми се врати без никаква операција. Тоа беше божествена интервенција –  рекла Шакира.

За среќа, во 2018 година, таа целосно се опорави. За неа, тоа беше еден вид религиозно искуство.

– Се грижам за своите деца да учат од препреките, тешкотиите со кои се соочивме татко ми и јас. Тие не се родени додека живеев во Колумбија, кога сите ми ја треснаа вратата во лицето. Ова се приказни што сакам да им ги раскажам затоа што животот не е секогаш лесен и не оди сè како што е планирано – рекла Шакира, потврдувајќи дека има светлина на крајот од секој тунел. Ќе дојдат темни времиња во животот на секоја индивидуа, но со одлучност, храброст и самодоверба, секој може да успее да ги надмине пречките.

Поврзани содржини