Шахпаска: Останува во сила мерката за ослободување од работа на родители на деца до 10-годишна возраст

Министерката потсети дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.

1,122

Владината мерка со која еден родител на деца на возраст до 10 години се ослободува од работа не се укинува, рече на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Министерката потсети дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.






– Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила – рече Шахпаска.

Поврзани содржини